Иран и Русија започнаа воени вежби во Индискиот Океан

пред 3 години

Иран и Русија денеска започнаа заеднички воено-морски вежби во Индискиот Океан, изјави портпаролот на руската амбасада во Техеран, Максим Суслов.

Претходно, армијата на Иран соопшти дека маневрите ќе почнат утре.

Двете земји, како противници на САД, се зближуваат околу низа прашања.

Кон крајот на декември 2019 година се одржаа воено-морски вежби меѓу Иран, Русија и Кина во Индискиот Океан и Оманскиот Залив, кои траеја четири дена.

Scroll to Top