(Видео) Експлозија на израелски товарен брод

пред 3 години

Експлозија се случи на израелски товарен брод кој пловел од Блискиот исток.

Сè уште не е позната причината, што предизвика загриженост за безбедноста на бродовите кои пловат во овој регион среде зголемените тензии меѓу САД и Иран.

„Индипендент“ пишува дека необјаснива експлозија погодила израелски брод додека пловел во Оманскиот Залив.

Според изјавата на британската служба за поморски операции, бродот и екипажот се безбедни, но принудени да влезат во најблиското пристаниште во Оманскиот залив.

Иако сè уште не се објаснети причините за експлозијата, компанијата за поморско разузнавање „Драјад Глобал“ вели дека е многу можно тоа да било предизвикано од „асиметрична активност на иранската армија“, објави „Индипендент“.

Иран сè уште не го коментирал инцидентот, пренесе АП.

Scroll to Top