Иран обезбеди 250.000 вакцини од Синофарм

пред 3 години

Иранското Министерство за здравство соопшти дека од Кина денеска во земјата ќе пристигнат 250.000 дози вакцина „Синофарм“.

Заменик-министерот за здравство Алиреза Раиси рече дека Иран ќе добие вакцини и од други производители, вклучително и оние произведени во Индија, и тоа во „блиска иднина“.

Овој месец Иран увезе 120.000 дози вакцина „Спутник V“ од Русија, а според извештаите на локалните медиуми, Иран нарачал два милиона дози од Русија.

Иран во декември започна со тестирање вакцина од домашно произведство, која треба да биде готова на пролет и веднаш да им биде достапна на граѓаните, а соработува и со Куба за развој на заедничка вакцина.

Исто така, Иран смета и на 17 милиони дози вакцини од програмата „Ковакс“ и уште неколку милиони од други земји.

Scroll to Top