Уапсени 12 лица поради терористичкиот напад во Виена, еден од Косово и едно 16-годишно момче

пред 3 години

Австриски Heute.at пишува дека се уапсени 12 лица, а еднo од нив имало 16 години. Наводно осомничениот илегално набавувал муниција во Словачка. Тој отпатувал таму во средината на јули со еден пријател. Тие патувале со автомобил што и припаѓал на мајката на еден од осомничените од Косово.

Уапсените лица се на возраст меѓу 16 и 25 години. Еден од уапсените е роден на Косово.

Десетмина се уапсени во Виена и двајца во Св. Полтен.

Полицијата трага по барем уште еден напаѓач.

Scroll to Top