Италијански вирусолог: Лекарите кои не сакаат да се вакцинираат, да ја сменат професијата

пред 3 години

Вирусологот Масимо Гали, професор на Универзитетот во Милано, за телевизијата Ла 7 изјави дека лекарите и медицинскиот персонал кои одбиваат да бидат вакцинирани треба да ја сменат својата професија.

Многу медицински работници во Италија не се убедени во валидноста на вакцината против Ковид-19 и многумина изјавија дека не сакаат да се вакцинираат. Тоа е нивно право, бидејќи вакцинирањето засега е доброволно.

Во Италија, вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ симболично започнува на 27 декември, што е таканаречен „ден на вакцини“ во целата Европска унија, но вистинската кампања за масовна вакцинација започнува дури во јануари.

Scroll to Top