Казни и до 1.500 долари за неносење на маски во јавниот превоз во САД

пред 3 години

Оние кои ја прекршуваат федералната мерка за задолжително носење заштитна маска во САД, се соочуваат со парична казна од 250 долари, што се зголемува за следните прекршувања, соопшти денеска Управата за безбедност во сообраќајот (ТСА).

Казната може да се искачи и до 1.500 долари за повеќекратни прекршувања, пренесува Си-ен-ен.

„Врз основа на значајни отежнувачки или олеснителни фактори, TСА може да побара износ на казна што е надвор од тие граници“, соопшти агенцијата.

Scroll to Top