Калифорнија: Во управните одбори на фирмите ќе мора да има вработени од малцинствата и ЛГБТ заедницата

пред 4 години

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, го одобри законот со кој се бара од компаниите со седиште во Калифорнија да назначуваат директори од помалку застапените заедници во нивните одбори, што е прв закон во САД што ја диктира расната застапеност во корпоративните одбори, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“.

Како помалку застапени заедници се сметаат Афроамериканци, Латиноамериканци, азиски Американци, Индијанци, Хавајци, како жители на Алјаска и на Пацифичките острови. Компаниите исто така можат да назначат директори кои се декларираат како хомосексуалци, лезбејки, бисексуалци или трансродови личности.

Законот е мотивиран од легислатива од 2018 година, според која јавните корпорации во Калифорнија треба да ги диверзифицираат своите генерално машки комитети.

Некои конзервативни групи се побунија за вакватаодлкуа, но меѓу политичките актери немаше многу противници, пренесуваат американските медиуми.

Scroll to Top