Ердоган ги пофали младите партиски членови: „Ова не е „ЛГБТ-младина“

пред 3 години

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека подмладокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) дека не е „ЛГБТ младина“, фалејќи ги со тоа младите партиски членови и активисти.

Во Истанбул во саботата беа уапсени четворица студенти поради уметничко дело, во кое според турските власти „се комбинирани ЛГБТ симболи со фотографија од еден исламски сајт“, додека вчера се приведени вкупно 159 луѓе кои протестираа за апсењето, а околу сто демонстранти во меѓувреме се ослободени.

Хомосексуалноста во Турција официјално е илегална, а отвореното непријателство на властите кон ЛГБТ заедницата е во пораст изминатите години. Парадата на гордоста во Истанбул беше забранувана пет години по ред до 2019 година, а поради пандемијата со Ковид-19 не се одржа во 2020 година.

Scroll to Top