Канада воведува нов тест за коронавирус за деца

пред 4 години

Канадската провинција Британска Колумбија воведува нов тест (испирање на грлото со физиолошки раствор) за деца од градинка до 12-то одделение за да го олесни нивното тестирање за Ковид-19. Отава, 18 септември 2020 (МИА) – Канадската провинција Британска Колумбија воведува нов тест (испирање на грлото со физиолошки раствор) за деца од градинка до 12-то одделение за да го олесни нивното тестирање за Ковид-19. Здравствената работничка Бони Хенри изјави дека Британска Колумбија е прва во светот што користела ваков тест. – За разлика од брис од нос, ова е ново физиолошко средство за плакнење за грлото, каде ставате малку физиолошки раствор, тоа е стерилна вода во устата, малку прожабуркате и исфрлете во мала цевка, рече Хенри. Таа вели дека производите произведени во Британска Колумбија ќе ја намалат зависноста на покраината од глобалниот синџир за снабдување за лабораториско тестирање. Тестот е поефикасен и ги скратува долгите редици и чекања и може да го направат родители и деца без здравствен работник. паг/

Извор: mia.mk

Scroll to Top