„Карантин“ е зборот на годината во Словенија

пред 3 години

Центарот за истражување при Словенечката академија на науките и уметностите соопшти дека збор во 2020 година е „карантин“, а потоа следат „велосипедизам“ и „14 дена“.

Покрај 14-дневниот период на изолација поради ризичните контакти, што подоцна беше намален на 10 дена, зборот карантин се користел и за другите мерки на ткн „локдаун“.

Возењето велосипед беше еден вид протест против Владата на премиерот Јанез Јанша за време на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19.

– Карантин беше архаичен збор што повторно стана модерен, изјави Катарина Кебер од Институтот за историја при ЗРЦ САЗУ.

Зборот карантин е изведен од италијанската фраза „quaranta giorni“ што значи 40 дена. Тоа е период на изолација, а зборот првпат е воведен во 1377 година во Дубровник.

Според ЗРЦ САЗУ збор од знаковниот јазик е „коронавирус“ или „Ковид-19“, додека на второ место е „Зум“ (Zoom), а на трето место е „Бетовен“.

Scroll to Top