Нетанјаху и Ривлин му ја честитаа победата на Бајден

пред 3 години

Премиерот и претседателот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и Рувен Ривлин утрово, многу подоцна од другите светски лидери му ја честитаа победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

– Честитки до Џо Бајден и Камала Харис. Џо, имавме долг и топол пријателски однос речиси 40 години и знам дека си голем пријател на Израел. Се радувам што ќе работам со Вас, за да ја зајакнеме посебната врска што ја имаат Израел и САД, напиша Нетанјаху на Твитер.

Тој во вториот твит му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „пријателството што го покажа кон државата Израел“ и кон него лично, како и за „признавањето на Ерусалим и Голан, застанувајќи против Иран, за историските мировни договори и за подигнување на американско-израелското сојузништво до незабележано ниво“.

– Испрајќам благослов од израелскиот народ и државата Израел до нашиот пријател Џо Бајден на изборот на 46. Претседателна САД. Исто така испраќам честитки и најдобри желби за успех до избраната потпретседателка Камала Харис, се наведува во честитката на Ривлин.

Тој оцени дека „стратешкото сојузништво помеѓу двете земји и народи е посилно од кое било политичко раководство и оти не е засновано само на пријателство“ туку е „длабоко вкоренето во заедничките вредности и долгата посветеностна слободата и демократијата како основи на нашите општества“.

Ривлин му се заблагодари и на Доналд Трамп за „четирите години партнерство и зајакнување на безбедноста на Израел“

Scroll to Top