Кина ги укинува летовите од и кон Велика Британија

пред 3 години

Кина ќе ги прекине директните летови до и од Велика Британија, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин.

– По многу анализи, Кина одлучи да ги следи другите земји и да ги прекине летовите од и до Велика Британија, изјави Ванг на прес конферемнција.

Причината за суспензијата на летовите е загриженоста поради ширењето на новиот вид коронавирус, што се појави во Велика Британија.

Scroll to Top