Кина: Граѓаните онлајн ќе ги пријавуваат фирмите кои загадуваат

пред 3 години

Кина планира да лансира нова информативна платформа што ќе им овозможи на луѓето да ги следат емисиите од компаниите што ја загадуваат животната средина, за да можат да им помогнат на властите да ги казнат прекршителите, соопшти Министерството за животна средина.

Вкупно 2,36 милиони компании, индустриски постројки и институции во Кина имаат законска обврска да добијат дозволи за емисија на загадувачи како што се сулфур диоксид или отпадна вода.

Но, Кина се бори да ги собере потребните информации за да функционира системот, а исто така се соочи со опструкции и давање лажни информации од некои компании кои загадуваат.

Според Министерството за животна средина, новата информативна платформа ќе им овозможи на властите и припадниците на јавноста да ги следат нивоата на загадување во реално време и да ги проверат податоците за минатото на компанијата за да утврдат кои правила се кршат. Ова треба да стапи во сила на 1 март.

Компаниите кои загадуваат имаат обврска да инсталираат опрема за мониторинг и да складираат податоци најмалку пет години, со казни кои се движат од околу 200.000 јуани за оние кои не ги почитуваат. Компаниите што загадуваат без дозвола може да се соочат со парични казни од еден милион јуани. (1 јуан=0,13 евра).

Scroll to Top