Кинеските вакцини против Ковид-19 на пазарот можеби во ноември

пред 4 години

Вакцините за коронавирус кои се развиваат во Кина би можеле да бидат подготвени за јавноста уште во ноември, изјави официјален претставник поврзан со кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Кина има четири вакцини против Ковид-19 во последната фаза од клиничкото испитување. Најмалку три од нив се веќе понудени на најизложените служби. Третата фаза се одвива непречено и вакцините може да бидат готови за јавноста во ноември и декември, рече главниот експерт за биобезбедност на ЦДЦ, Гвижен Ву, во интервју за државната телевизија. Ву, која рече дека не доживеала никакви абнормални симптоми во изминатите месеци по преземањето на експерименталната вакцина во април, не прецизираше за која вакцина станува збор. Одделот на државниот фармацевтски гигант на Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) и Синовац Биотек развиваат три вакцини како дел од државната програма. Четвртата вакцина против Ковид-19 ја развива – „CanSino Biologics“, а нејзината употреба е одобрена во јуни. Синофарм во јули соопшти дека нејзината вакцина може да биде подготвена за јавна употреба до крајот на годината по завршувањето на испитувањето во третата фаза. Светските производители се натпреваруваат за развој на ефикасна вакцина против вирусот кој уби повеќе од 925 000 луѓе. Водечките западни производители на лекови ветија претходно овој месец дека ќе се држат до стандардите на научно истражување и ќе отфрлат каков било политички притисок за забрзување на процесот. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top