Кинеските компании ги повикаа странските извозници да ги дезинфицираат пратките со месо

пред 3 години

Кинеските увозници и преработувачи на месо ги повикаа извозниците од земјите каде што пандемијата на Ковид-19 сè уште не е ставена под контрола да ги засилат проверките на пратките пред испораката, соопшти водечкото кинеско здружение.

Кина ја засили дезинфекцијата и тестирањето на вирусот врз замрзната храна откако откри коронавирус на производи од увоз и на амбалажа.

Мерките ги зголемија трошоците, ја нарушија трговијата и ги вознемирија големите извозници, забележува „Ројтерс“.

Кинеската асоцијација за месо истакнува дека пријавените случаи покажале дека луѓето можат да се заразат од контакт со амбалажа контаминирана со коронавирус.

„Кина увезуваше големи количини месо оваа година и многу пати го откри вирусот на пакувањето производи од ладен синџир и покрај честата дезинфекција“, објасни портпаролот на кинеското здружение за месо, Гао Гуан.

Би било подобро да се изврши контрола на вирусот на местото на потекло и да се изврши дезинфекција во производствените капацитети затоа што трошоците би биле помали, а ефикасноста поголема, рече Гао.

Здружението исто така предлага извозниците во земјите погодени од коронавирус да ја дезинфицираат надворешната амбалажа на производот и внатрешноста на контејнерот пред да се запечати.

Ова ќе ја гарантира безбедноста на увезената храна од ладни синџири и ќе ја зголеми довербата на потрошувачите во увезените производи со ладен синџир“, се вели во него.

Scroll to Top