Клуге: Бројот на новозаразени со коронавирус зголемен за девет проценти

пред 3 години

Бројот на новозаразени со коронавирус минатата недела се зголеми за девет проценти во 53 европски земји, објави денеска Светската здравствена организација.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека минатата недела имало повеќе од милион случаи.

Тој посочи дека скокот бил особено забележлив во Централна и Источна Европа, но и некои западноевропски земји забележале зголемување на бројот на заразени лица.

Се поголем број на нови инфекции се забележуваат во повеќе од половина од регионот, рече Клуге.

Алудирајќи на солидарноста што ја покажаа некои европски земји, кои примаа пациенти од сериозно погодени соседи, Клуге рече дека по повеќе од една година пандемија, здравствените системи не треба да бидат во ваква состојба.

„Мораме да се вратиме на основите“, рече тој пред новинарите во седиштето на Светската здравствена организација во Данска.

Scroll to Top