Во последните 24 часа за двојно зголемен бројот на новозаразени во Кина

пред 3 години

Во последните 24 часа, за повеќе од двојно е зголемен бројот на новоинфицирани во Кина, вкупно 69 во споредба со 33 од претходниот ден, објави Националната комисија за здравство, нагласувајќи дека 21 случај на Ковид-19 биле увезени од странство.

Најголемиот број локални преноси на вирусот е регистриран во провинцијата Хебеј, недалеку од главниот град Пекинг – дури 46 од вкупно 48 потврдени случаи, пренесува „Ројтерс“.

Во последните 24 часа, потврдени се и 27 асимптоматски случаи на Ковид-19, што е за 11 помалку од претходниот ден.

Од почетокот на пандемијата, во Кина се регистрирани 87.433 случаи на Ковид-19 и 4.634 смртни случаи меѓу ковид-пациентите.

Scroll to Top