Коала предизвика судир на пет возила на автопат во Австралија

пред 3 години

Најмалку пет возила се судриле поради коала, која се обидела да премине автопат со шест ленти во близина на Аделeјд, на југот од Австралија, соопшти полицијата.

Животното е спасено, а одделни патници во возилата се здобиле со полесни повреди, од кои ниедно лице не побарало амбулантно лекување, пренесува АП.

Коалата потоа била предадена на спасувачките екипи за диви животни, кои го ставиле животното во кафез и го однеле за да го прегледаат и соодветно да го згрижат.

Во Австралија ова се чести ситуации со коали, кои се дел од секојдневието на Австралијанците.

Scroll to Top