Пет лица повредени во експлозија на гас во германски Мемингем

пред 3 години

Пет лица се повредени во експлозија на гас во градот Меминген во германската покраина Баварија потврди полицијата.

Според Билд, не е исклучена нова експлозија на местото – зградата на баварскиот Црвен крст. Аугсбургер алгемајне објави дека експлозијата се случила во 5 часот наутро по Гринич.

Полицијата ја евакуираше областа. Експлозијата најверојатно се случила поради неисправна цевка за гас што минувала под улицата каде што се наоѓа зградата.

Scroll to Top