Конгресот расправа за отповикување на Трамп

пред 3 години

Претставничкиот дом на САД денеска ја продолжи расправата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, по вторпат за време на неговиот мандат.

Во текот на денов треба да се гласа за усвојување на член поврзан со отповикувањето, кој го обвинува Трамп за поттикнување бунт за време на говорот што му претходеше на упадот на демонстрантите во Конгресот.

Ако со просто мнозинство од 435 пратеници се одобрат обвиненијата, постапката се префрла во Сенатот, Горниот дом на Конгресот, кој го спроведува судењето. Според Уставот, потребни се две третини од сенаторите за да биде осуден и сменет претседателот. Но, просто мнозинство може да одлучи дека не може да се кандидира повторно. Демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом, па се очекува предлогот да помине.

Во моментов, Сенатот веројатно нема да биде против американскиот претседател, но лидерот на републиканците во Горниот дом Мич Меконел изјави пред своите колеги дека верува дека Трамп извршил злосторство што заслужува импичмент.

Досега, петмина републиканци во Конгресот јавно се изјаснија за импичмент на Доналд Трамп.

Станува збор за Џон Катко од Њујорк, Лиз Чејни од Вајоминг, Фред Аптон од Мичиген, Херера Батлер од Вашингтон и Адам Кинзингер од Илиноис.

Високи претставници на американската Републиканска партија сакаат да го погребаат претседателот Трамп, но се поделени околу тоа дали да го сторат тоа со смртоносен удар како импичмент, или да дозволат полека да исчезне од политичката сцена, оценува Аксиос.

Извори за „Аксиос“ изјавија дека лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, најверојатно ќе ги поддржи демократите отколку да не гласа за осуда на Трамп – зелено светло што најверојатно ќе го следат и другите републикански сенатори.

Американски медиуми веќе кјавија дека Меконел би сакал Трамп да биде тргнат од власт. Сепак, потпретседателот Мајк Пенс нема да бара смена на Трамп. Тој испрати писмо до претседателката на Претставничкиот дом на конгресот Ненси Пелоси во кое го изнесе својот став.

Scroll to Top