Короната коси во Хрватска – 725 починати во изминатата недела

пред 3 години

Според последниот редовен неделен извештај на Хрватскиот институт за јавно здравје, 725 пациенти починале од Ковид-19 во Хрватска, од кои 274 биле приклучени на апарати за дишење.

Повеќето од починатите имале значителни коморбидитети или биле повозрасни лица. Просечната возраст на смртност во овој бран на епидемијата е 77 години.

Вкупниот број на тестирани примероци е 57.523, а учеството на позитивните тестови во вкупниот број на тестови во последните седум дена е 28 проценти.

Во претходните седум дена се разболеле вкупно 16.116 лица, а 52,4 проценти од нив се жени.

Најмал број пациенти е забележан меѓу децата, 8,5 проценти, а во таа група најголем број се средношколци.

Scroll to Top