Кралицата Елизабета првпат во јавност со маска

пред 4 години

Британската кралица Елизабета јавноста првпат имаше можност да ја види со маска. Денеска беа објавени фотографиите од церемонијата во Вестминистерската капела на гробот на Непознатиот јунак која се одржа во средата.

Кратката церемонија беше посветена на 100-годишнината од погребот на непознатиот јунак загинат ов Првата светска војна. Кралицата носи црна маска со бела лента.

Scroll to Top