Кремљ му забрани на претседателот на Европскиот парламент и уште седуммина политичари од ЕУ да влезат во Русија

пред 3 години

Русија им забрани влез на осуммина високи политички претставници на Европската унија, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Потегот доаѓа како одговор на рестриктивните мерки воведени од Советот на ЕУ на 2 и 22 март годинава против шестмина руски државјани.

На црната листа на Русија од денеска се наоѓаат:

– Иварс Аболиниш, претседател на Националниот совет на Република Летонија за електронски медиуми;

– Марис Балтниш, директор на Државниот центар за јазици на Република Летонија;

– Жак Мер, член на француската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа;

– Јорг Раупах, шеф на Обвинителството во Берлин;

– Давид Марија Сасоли, претседател на Европскиот парламент;

– Оса Скот, раководител на Лабораторијата за хемиска, биолошка, радијациска и нуклеарна безбедност, Институт за истражувачка одбрана на Кралството Шведска;

– Илмар Томуск, раководител на Одделот за јазици на Република Естонија;

– Вера Јурова, потпретседател на Европската комисија за вредности и транспарентност.

Scroll to Top