Курти очекува продлабочување на врските меѓу Косово и САД

пред 3 години

Лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти изрази уверување дека идната влада, која тој ќе ја формира по победата на неговата партија на вонредните парламентарни избори, одржани в недела, на 14 февруари, ќе ги продлабочи билатералните врски со Соединетите Американски Држави.

Во соопштението на ВВ по денешната средба на Курти со амбасадорот на САД во Косово Филип Коснет се изразува уверување дека новата влада ќе биде формирана многу наскоро.

– Амбасадорот г. Коснет му честита на претседателот Курти за победата на овие избори, посакувајќи му натамошни успеси. Тој изрази желба од овој процес што поскоро да имаме функционални влада и парламент. Претседателот Курти (…) го сподели уверувањето дека мошне скоро ќе имаме нова влада и можност за соработка на конкретни проекти кои ги помагаат демократската државотворност, економскиот развој на нашата земја и продлабочувањето на билатералните односи меѓу нашите две држави, се вели во соопштението на ВВ.

Scroll to Top