Лајчак: Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ

пред 1 година

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак го изрази своето задоволство што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу двете страни.

„Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ. Ќе ги продолжиме нашите разговори на средба на високо ниво“, напиша Лајчак на Твитер.

Високиот претставник на ЕУ додаде дека вчера во Приштина и Белград разговарал со косовскиот премиер Албин Курти, главниот преговарач Бесник Бисљими, а потоа и со српскиот претседател Александар Вучиќ и со претседателот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ.

Вучиќ синоќа по средбата со Лајчак на Инстаграм напиша дека имале „отворен и пријателски разговор“.

Scroll to Top