Лек против астма го намалува ризикот за хоспитализација од Ковид-19

пред 3 години

Лек против астма може драматично да го намали ризикот од хоспитализација, симптомите и времето на закрепнување кај пациенти со Ковид-19, доколку се употребува една недела по појавата на симптомите, откриле истражувачи од Универзитетот Оксфорд.

Будезонид (инхалаторен кортикостероид) „го намалува ризикот од итна помош или хоспитализација за 90 отсто кога ќе се спореди со нормална грижа“, велат експертите од Оксфорд.

Тие дојдоа до резултатите по 28-дневно истражување, во кое беа вклучени 146 пациенти.

Истражувачот Мона Бафадел истакна дека е „охрабрена од релативно безбедниот, широко достапен и добро проучен лек“.

Scroll to Top