Ле Дријан: Ако вакцината „Спутник V“ исполнува стандарди нема причина да не се дистрибуира во Франција

пред 3 години

Руската вакцина за коронавирус Спутник V може да се дистрибуира во Франција доколку ги исполнува научните стандарди и европските услови, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.

– Ако Спутник е одобрен од Европската агенција за лекови, а во Франција од високото здравствено тело, нема пречка за дистрибуција доколку ги исполнува научните стандарди и барања што се применуваат во Европа, изјави францускиот министер за Радио Европа 1

Тој додаде дека „вакцините немаат државјанство“ и дека „важно е да има лек кој делува“.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека е отворена за идејата за употреба на руската вакцина во Европа, по објавувањето на позитивните научни резултати за ефикасноста на вакцината Спутник V.

Scroll to Top