Лидерот на СДП, Том Доши, се откажа од пратеничкиот мандат

пред 3 години

Претседателот на Социјалдемократската партија, Том Доши, се повлече од трката за пратеник и се откажува од пратеничкиот мандат.

Во дописот до Централната изборна комисија наведува дека неговата одлука е неотповиклива и додава дека пратеничкиот мандат го отстапува на следниот кандидат на листата на неговата партија.

-По моја слободна волја денеска, на 26 април, давам неотповиклива оставка на пратеничкиот мандат во Собранието на Албанија. Барам од ЦИК да направи моја замена како пратеник со следниот кандидат од партијата, врз основа на одредбите од Изборниот законик, стои во дописот на Доши.

Тој беше рангиран на второто место на изборното ливче во изборната единица Тирана, додека во ИЕ Скадар е прв на изборното ливче, каде според првичните резултати има освоено пратенички мандат а на второто место е кандидатот Гледис Челику.

Контроверзниот Доши е на „црната листа“ на САД поради што американската амбасадорка Јури Ким бараше да не се прифати неговата кандидатура за пратеник од страна на ЦИК. Таа во повеќе наврати апелираше во кандидатските листи да бидат само лица со интегритет.

Том Доши (55) родум е од Скадар, познат бизнисмен и политичар. Од 2005 три пратенички мандати освои како член на Социјалистичката партија. Дипломирал на Правниот факултет на универзитетот во Тетово.

Scroll to Top