Локални избори во Романија, 18 милиони граѓани ќе можат да гласаат за градоначалници

пред 4 години

Во Романија почна гласањето на локалните избори, на кои над 18 милиони граѓани ќе можат да гласаат за градоначалници, претседатели на обласни совети, како и членови на локални и обласни совети.

Граѓаните ќе можат да гласаат на 18.794 избирачки места, кои ќе бидат затворени во 21 часот.

Почитувањето на здравствените протоколи ќе биде задолжително на избирачките места, со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус

Извор: a1on.mk

Scroll to Top