Макрон ги повика Французите да бидат горди на тоа што се

пред 3 години

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика во новогодишното обраќање Французите да бидат горди на тоа што се по заминувањето на „најтешката година“.

Тој во поголемиот дел од својот 16-минутен говор ги призна жртвите кои ги барал од луѓето да ги направат, со цел да и се спротивстават на пандемијата на коронавирусот.

Макрон именуваше неколку луѓе кои се потрудиле да им помогнат на останатите за време на кризата, а посебно првиот граѓанин кој се вакцинирал.

Францускиот претседател истакна дека нема да дозволи програмата за вакцинирање да се забави.

Scroll to Top