Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија

пред 3 години

Маја Санду од проевропската Партија за акција и солидарност победи на претседателските избори во Молдавија со освоени 57,75 отсто од гласовите, додека досегашниот претседател Игор Додон освои 42,25 отсто со преброени 100 отсто од гласачките ливчиња, според Централната изборна комисија на земјата, пренесува ТАСС.

Санду и Додон, кој е поддржан од рускиот претседател Владимир Путин, се ривали од 2016 година, кога тој ја победи со тесна разлика на претседателските избори.

Според првичните резултати на молдавската Централна изборна комисија, процентот на излезност во земјата изнесува 52,78, вклучително и на тие што живеат во странство. Во земјата регистрирани се 3.287.140 гласачи.

Конечните резултати се очекува да бидат објавени во рок од 3 дена. Кандидатот, кој победи на изборите ќе даде заклетва за 45 дена и ќе ја преземе функцијата претседател.

Молдавија беше погодена од повеќекратни политички кризи и шема на банкарска измама од една милијарда долари (840 милиони евра) што е еднаква на речиси 15 проценти од годишното економско производство.

Вчерашните избори се сметаа за референдум за две спротивставени визии за иднината на земјата меѓу Романија и Украина.

Од стекнувањето на независност во 1992 година, Молдавија е поделена на оние кои се за поблиски односи со ЕУ и поддржувачи на посилни врски со Москва. Додека проевропската коалиција беше на власт во земја со 3,5 милиони жители, во 2014 година, Молдавија потпиша договор за поблиски политички и економски врски со ЕУ.

Scroll to Top