Меркел: Дипломатија, а не санкции во односите со Турција

пред 4 години

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција во источниот Медитеран.

Доаѓајќи на самитот на лидерите на ЕУ, таа истакна дека и покрај сите проблеми, Унијата има голем интерес за развој на конструктивни односи со Турција.

„Ние сме партнери во НАТО, зависиме едни од други кога станува збор за управувањето со миграцијата и ги поддржуваме кога станува збор за прием на голем број мигранти кои се на нивна територија“, вели Меркел.

Scroll to Top