Меркел: Нема посебен третман за вакцинираните лица

пред 3 години

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во моментов е против посебен третман за луѓето кои биле вакцинирани.

„Сè додека бројот на вакцинирани е многу помал од оние што чекаат на вакцинација, државата не треба да се однесува поинаку кон двете групи“, изјави Меркел за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Таа истакна дека мора да биде јасно потенцирано дека вакцинираните лица не го пренесуваат вирусот и додаде дека компаниите можат да воведат посебни правила за вакцинираните лица.

Scroll to Top