Меркел: Самитот ќе поже дали можеме да пронајдеме единство

пред 3 години

Денешниот самит на лидерите на ЕУ ќе покаже дали е можен договор за буџетот за следните седум години, вклучувајќи ја и можноста за санкционирање на земјите што го кршат законот, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

– Германија работеше напорно за да ги премости разликите и да најде решенија за загриженоста на Полска и Унгарија, додека истовремено го поддржува механизмот за владеење на правото, како што е договорено во Европскиот парламент, рече таа, пристигнувајќи на самитот во Брисел, пренесоа британските медиуми.

„Ќе видиме дали можеме да најдеме единство“, додаде германската канцеларка.

Scroll to Top