Мета: Време е за рестарт и потреба од обединување против секој обид за загрозување на демократскиот систем

пред 3 години

Ден по протестот за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полицијата, претседателот Илир Мета со силна порака за Денот на човековите права.

-И покрај предизвиците низ кои минуваме, за ни една причина, не смееме да се откажеме од целосното остварување на основните права загарантирани со Уставот, особено заложбата да се гарантира правото на живот за сите оние кои имаат потреба за основна здравствена заштита во овие тешки моменти, напиша Мета на Фејбук.

Додава дека основните права и слободи не се само концепти напишани на хартија. Тие се апсолутни права што секој, без никаква разлика, има обврска да ги почитува и штити.

-Денес повеќе од кога било кога сите треба да бидеме заедно, против секаков вид автократска тенденција што го загрозува демократскиот систем на вредности и права што треба да ги ужива секој Албанец.Време за рестарт! Заедно ќе успееме зашто друг пат нема, порачува Мета.

Според него албанскиот народ е посветен на основниот закон за гарантирање на основните човекови права и слободи, за заштита на човечкото достоинство и личност, во духот на толеранција и верски соживот, како и за просперитет на целата нација, за мир, благосостојба, култура и социјална солидарност.

-Денот на човековите права денес нe потсетува дека битката за нивна заштита е незапирлив процес и дека има уште многу да се стори за нивно целосно гарантирање, особено во контекст на пандемијата Ковид-19, кога со мерки за спеување донесени се и превентивни мерки, кои во пракса во голема мера ги ограничуваат нашите слободи и прав,посочува Мета.

Синоќа во Тирана беше одржан повеќечасовен насилен протест организиран преку социјалните мрежи поради убиството на младиот Раша во кого полицаец од специјалната единица пукал во близина на неговиот дом за време на полициски час,кога наводно на повик на застане тоа не го сторил.

Scroll to Top