Музеите во Ватикан по 88 дена в понеделник повторно отворени

пред 3 години

Музеите на Ватикан, вклучително и Сикстинската капела, ќе бидат повторно отворени за посетители в понеделник, откако беа затворени 88 дена, најдолго од Втората светска војна, поради пандемијата на коронавирусот.

Посетите ќе бидат дозволени сите денови, освен во недела, но билетите треба да се резервираат однапред, а турнејата ќе биде со ограничено време, пренесува.

Во периодот додека беа затворени, во музеите имаше реновирање, вклучително и чистење на фрескоживописот од 5. век во Сикстинската капела, која вообичаено прима шест милиони посетители годишно.

Римскиот Колосеум и Форумот исто така ќе бидат отворени в понеделник, но нема да работат за време на викендите.

Scroll to Top