Во понеделник се отвора ковид-болницата во Гевгелија

пред 3 години

Од понеделник, во рамки на Општата болница во Гевгелија, ќе биде ставена во функција модуларната ковид болница со сите активности од прием на сомнителни и ковид-позитивни пациенти, преглед и тријажа, тестирања со брзи ПЦР тестови до стационирање и лекување на пациентите, потврди денеска директорот Митко Крџев.

По ова, ќе се затворат постојните пунктови за земање брис и дневната болница за непотврдени и ковид пациенти кои ќе се пренаменат кон потребите на болницата.

-Покрај ова и одделот за интерни болести, кој беше пренаменет и досега служеше за третман на ковид пациенти, од 1 февруари ќе продолжи со нормална работа, односно ќе згрижува само пациенти со интернистичка патологија, рече Крџев.

Ковид болницата во Гевгелија е со површина од 400 метри квадратни, со одделни влезови за сите активности поврзани со пандемијата и во последниот сегмент има соба за изолација и стационар за хоспитализирање на 15 пациенти.

Scroll to Top