Навални најави тужба против Песков

пред 4 години

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков.

Тој побара наводните докази за неговата работа со ЦИА, јавно да се објават.

„ Ако властите, во име на кои Песков зборува, имаат докази за бесмизлиците за кои зборуваат, тогаш тоа е работа на руската државна безбедност и барам тие докази да се објават“ напиша Навални на својот блог.

Песков претходно изјави дека тврдењата на Навални дека зад неговото наводно труење стои претседателот на Русија, Владимир Путин, се неприфатливи, неосновани и навредливи, но дека може слободно да се врати во Русија.

„ Не дека тој работи со западните разузнавачки агенции, туку западните разузнавачки агенции работат со него. Всушност, постојат информации за тоа и можам да прецизирам дека експерти од Централните разузнавачки агенции на САД работат со него“ рекол Песков.

Scroll to Top