Навални ја објави првата фотографија откако се разбуди од кома

пред 4 години

Рускиот опозиционер ја објави својата прва фотографија на својата страница на Инстаграм откако се разбуди од кома. View this post on Instagram Привет, это Навальный. Скучаю по вам 😍. Я все ещё почти ничего не умею, но вот вчера смог целый день дышать сам. Вообще сам. Никакой посторонней помощи, даже простейший вентиль в горле не использовал. Очень понравилось. Удивительный, недооценённый многими процесс. Рекомендую A post shared by Алексей Навальный (@navalny) on Sep 15, 2020 at 2:38am PDT „Здраво, овде Навални. Ми недостигавте. Сè уште не можам да работам ништо, но вчера можев цел ден да дишам самостојно. Без никаква помош, дури ниту обичен вентил во грлото не користев. Навистина ми се допадна“, напиша Навални на својот профил на Инстаграм. Германската влада вчера објави дека Алексеј Навални, кој лежи во берлинската болница „Шарит“, бил отруен со отровната супстанца „новичок“. Руската страна негира дека овој отров бил во телото на Навални додека тој бил на територијата на Русија. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top