Над 51 милион луѓе во светот заразени со коронавирус

пред 4 години

Бројот на лица заразени со коронавирусот во светот надмина 51 милион, покажуваат податоците објавени на веб-страницата „Ворлдметерс“.

Според податоците, од почетокот на пандемијата, во светот 51.085,405 лица се заразиле со вирусот, починале 1.266,973, а се излекувале 35.946,951 лице.

Во моментов има 13.871.481 активен случај во светот, од кои еден процент или 93.333 се во сериозна или критична здравствена состојба.

Најголем број на заразени сè уште има во САД, повеќе од 10 милиони, а починале 243.867 луѓе.

Следува Индија со над 8,5 милиони заразени и 127.018 мртви и Бразил со повеќе од 5,6 милиони заразени и 162.397 смртни случаи.

Франција, Русија, Шпанија, Аргентина, Велика Британија и Колумбија имаат повеќе од милион заразени лица.

Scroll to Top