Три жртви и четворица повредени во две одделни експлозии во Кабул

пред 3 години

Авганистанскиот главен град Кабул денеска го потресоа две одделни експлозии, во кои загинаа најмалку три лица, а ранети се уште четири, потврдија авганистанските власти, пренесоа американските медиуми.

Првата експлозија се случила во продавница во центарот на градот, што потоа се урнала и убила најмалку двајца припадници на националното малцинство Сики, неофицијално потврдија извори од авганистанската полиција.

Полицијата соопшти дека во експлозијата се поврдени и четири лица, како и дека е отворена истрагата за причината што ја предизвикала.

Причина за втората денешна експлозија, се наведува, била „леплива“ бомба прикачена за полициски автомобил, што експлодирала во северен Кабул и притоа убила полицаец.

Американските медиуми наведуваат дека дека засега никој се уште не ја презел одговорноста за двете експлозии, но терористичката група Исламска држава (ИД) претходно ги идентификуваше Сиките и другите малцински заедници во Авганистан како свои цели, додека талибанците користат т.н. „лепливи“ бомби.

Scroll to Top