Најмалку петмина загинати во Хрватска, потврдена смртта на уште едно дете

пред 3 години

Најмалку пет луѓе загинале во денешниот разорен земјотрес што ја погоди Хрватска, а четири од жртвите се во регионот на местото Глина и околните села, јавуваат хрватските медиуми.

Информацијата за загинатите во Глина ја потврди градоначалникот Стјепан Костањевиќ, кој рече дека загинале татко и неговиот малолетен син во селото Мајски Пољани, додека уште еден човек е најден под урнатините од куќа, но не бил идентификуван.

„Се сомневам во најлошото – дека ќе наоѓаме уште жртви. Сите сме на терен и работиме со натчовечки напори. Ова е катастрофа,“ изјави Костањевиќ.

Претходно градоначалникот на Петриња, најтешко погоденото место од потресот, изјави дека загинало 13-годишно девојче. Во поширокиот регион на Сисак се јавува за над 20 повредени, од кои двајца се во потешка состојба.

Scroll to Top