Најмалку седум жртви во напад на милитанти врз паравоен пункт во Пакистан

пред 3 години

Најмалку седум припадници на пакистанските безбедносни сили се убиени кога група милитанти нападнале паравоен контролен пункт во провинцијата Белуџистан, каде што бунтовниците се активни со години, соопшти пакистанската армија.

Според официјални лица, вооружените напаѓачи го нападнале контролниот пункт во областа Харнаи.

Високиот полициски службеник Шавли Тарин тврди дека при размената на оган биле убиени неколку лица, односно шест припадници на паравоените сили и двајца припадници на приватно обезбедување. Тој додаде дека уште шестмина војници се сериозно ранети.

Напаѓачите избегале од местото на настанот и стигнале до планински терен, пред да пристигнат другите припадници на безбедносните тимови, додаде Тарин.

Scroll to Top