Најмалку 23 загинати во најновите поплави во источна Индонезија

пред 3 години

Најмалку 23 лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ги погодија селата на островот Адонара, во источна Индонезија, деветмина се поврдени, а пет лица се водат за исчезнати, изјави официјален претставник, пренесе ДПА.

Радитија Јати, портпарол на националната Агенција за справување со природни катастрофи, изјави дека обилните врнежи од саботата веќе рано утрово, околу 1 часот по полноќ по локално време, предизвикале поплави во округот Ист Флорес, во покраината Источна Нуса Тенгагара.

Десетици куќи се затрупани од кал во селото Ламанеле, додека во селото Ваибурак, поплавите ги однеле домовите на селаните и предизвикале уривање на еден мост.

-Спасувачките екипи се уште трагаат по две исчезнати лица. Поплавата зафати и 49 домаќинства и повреди деветмина селани. Локалната агенција за справување со катастрофи соопшти дека во регионот се уште има обилни дождови со силен ветер, рече Јати, пренесе ДПА.

Фотографиите споделени од Агенцијата за справување со катастрофи покажаа моќни струи вода како течат низ село, додека на патиштата се забележуваат расфрлани остатоци што ги остава поплавата зад себе.

Радитија кажа дека помошта и напорите за помош за погодените села се попречени од отсуството на превоз до островот. До него може да се стигне само преку море, но врските се прекинати поради големите бранови и тешките временски услови.

Агенцијата за климатологија и метеорологија предвидува дека некои делови на Индонезија следната недела може да се соочат со екстремни временски услови, проследени со силен и пороен дожд, силни ветрови и големи бранови.

Scroll to Top