Нови мерки во Британија, луѓето ќе можат да излезат од дома само за на работа, училиште или продавница

пред 4 години

Велика Британија влегува во втора блокада на земјата која ќе започне во четврток, на 5 ноември и ќе трае еден месец.

Според новите мерки, кои вечерва ги објави британскиот премиер Борис Џонсон, луѓето ќе можат да излезат од своите домови само за да одат на работа, училиште и во продавница.

Еден месец нема да работат рестораните и несуштинските продавници, а ќе останат отворени училиштата и факултетите.

Предвидено е и ограничување за патувања, кое ќе стапи на сила во четврток и ќе трае до 2 декември.

Џонсон објасни кога граѓаните ќе можат да ги напуштат своите домови – вежбање и рекреација на отворено, лекарски потреби, купување основни намирници и друго. Тој истакна дека Божиќ оваа година ќе биде поразличен од вообичаено.

Scroll to Top