Нови мерки во Србија, се ќе биде затворено по 18 часот

пред 3 години

Владата на Србија донесе седум нови мерки за справување со кризата со коронавирусот. Во претохдните денови нашиот северен сосед имаше исклучително високи бројки на новозаразени и затоа се воведуваат построки мерки.

Сите локали, кафетерии, ресторани, барови, клубови, трговски центри, обложувалници ќе работата до 18 часот. Обврзно е носењето маска и во сите затворени објекти, но и на отворено. И на затворено и на отворено се забранува групирање на повеќе од пет лица.

Владата налага да се овозможи работа од дома во сите институции и компании во кои тоа го дозволува работниот процес. Строго е обврзно носењето маси во јавниот превоз кој ќе функционира со половина од капацитетот. Ќе има и особено строга контрола на лицата кои се во карантин и во самоизлација. Овие мерки ќе важат во следните десет дена по што ќе биде направена нова проценка на ситуацијата.

Scroll to Top