Нов дневен рекорд новозаболени со Ковид-19 во САД

пред 3 години

Рекордни 277 346 новозаразени со Ковид-19 беа забележани во последното деноноќие во САД покажуваат резултатите на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во Сад има повеќе од 20 милиони заболени, починати се 349 920 лица. Само вчера битката со коронавирусот ја загубија 2378 луѓе.

Вакцинацијата во САД почна 14. декември. Досега првата доза ја примија над четири милиони луѓте, но ова е далеку од предвидената бројка од 20 милиони до крајот на 2020 година.

Во земјата посотјано има проблеми со дистрибуцијата и со доцнењето на вакацините.

Scroll to Top