Нов Зеланд ја отвори границата за туристи од Австралија

пред 2 години

Нов Зеланд денеска пречекува стотици патници од Австралија за повторно отворање на границата со соседната земја, за прв пат од средината на 2021 година, откако владата почна да ги ублажува сè понепопуларните мерки за коронавирус.

Културно-уметничките друштва на Маори ги пречекуваа патниците додека семејствата и пријателите се гушкаа и плачеа на меѓународниот аеродром во Окленд, каде утринава слетаа два лета од Австралија, пренесува „Ројтерс“.

Нов Зеланд имаше некои од најстрогите ограничувања во светот за време на пандемијата, а неговите граници се главно затворени од март 2020 година, освен краткорочната дозвола за патување со Австралија минатата година, која беше суспендирана по неколкумесечно ширење на Ковид-19.

Владата почна да ги ублажува мерките, надевајќи се дека ќе го поттикне туризмот и ќе го ублажи недостигот на работна сила сега кога видот омикрон е доминантен во земјата, наведува „Ројтерс“.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјави за австралиската телевизија дека е „исклучително возбудена“ поради повторното отворање, а „Ер Нов Зеланд“ соопшти дека денеска има 11 речиси полни летови од Австралија.

Scroll to Top