Хакиран дел од компјутерскиот систем на Централната банка на Нов Зеланд

пред 3 години

Централната банка на Нов Зеланд денеска соопшти дека еден од нејзините системи за податоци бил хакиран од непознато лице, кое најверојатно успеало да ги добие приватни податоци на корисниците, како и на банката.

Хакирана е и компанијата што ги споделува информациите на Резервната банка на Нов Зеланд.

Гувернерот Адријан Ор рече дека се стопирани понатамошните упади во системот, а главните функции на банката треба да останат оперативни.

– Работиме на случајот со експерти за компјутерски криминал и други релевантни тела, нагласи Ор.

Scroll to Top