Нов негативен рекорд на новозаразени во Албанија

пред 4 години

Во Албанија регистрирани се 532 новозаразени со Ковид-19 во последното деноноќие. Тестирани биле 2.409 примероци, со што процентот на заразени изнесува 22 отсто. Починаа седум пациенти, а досега од почетокот на пандемијата животот го загубија 612 лица.

Во моментов, во трите ковид болници се лекуваат 389 пациенти, што е највиска бројка.

Поради зголемениот прилив на пациенти, ковид центри ќе бидат отворени во регионалните болници.

Scroll to Top